МАШИНАТА ТРГНА ДА ГАЗИ НА ЛОКАЛНИТЕ : ЉУПЧЕ НИКОЛОВСКИ ИЗБРАН ЗА ШЕФ НА ИЗБОРЕН ШТАБ, СДСМ ИЗЛЕГУВА НА ТЕРЕН, НАЈАВЕНИ СЕРИЈА ТРИБИНИ И СРЕДБИ ПОД ИМЕТО ,,НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА”

0
114

#СДСМ е Најдоброто за нашата општина!

Вечерва, на седницата на Централниот одбор на СДСМ, генералниот секретар, Љупчо Николовски, едногласно ја доби довербата да го раководи Централниот изборен штаб на партијата за претстојните локални избори! Му честитам на Ljupcho Nikolovski и му посакувам успешна и плодна работа, сѐ до победа!

Влегуваме во штабско работење и излегуваме на терен! На 1000 маалски средби и 15 граѓански трибини на територијата на целата држава во периодот кој следи, #СДСМ ќе го слушне гласот на граѓаните.

Нудиме чесна понуда и поставуваме високи стандарди! Нудиме локален развој и напредок на секое населено место, на секоја општина!

Теренска и штабска работа, постапки за кандидирање за советници и самокандидирање за градоначалници, како и овластување за лидерот на партијата да ги продолжи разговорите со сите партии зa евентуални изборни коалицирања, се точките за кои се разговарало на состанoкот на Централниот одбор на СДСМ.

-Од 10 јуни и во текот на јули ќе одржиме околу 250 маалски и урбани средби со претставници на раководството, партиските избрани и именувани функционери, пратеници, со граѓаните насекаде ширум државата, дополнителни 750 средби на локално ниво, 15 трибини, а продолжуваме и во втората половина на август. Преку средбите со граѓаните ќе дадеме отчет за сработеното на локално ниво, но и на централно ниво во секоја општина, да ги прашаме граѓаните од што се задоволни, што да се промени и да се стави акцент – рече генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, кој е избран и за шеф на републичкиот изборен штаб.

Инаку, караванот граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина“ започнува во петок, на 11 јуни, од главниот град, Скопје. Исто така, во партијата започнува внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници. Во критериумите кои ги одредил вечерва ЦО: кредибилитетот на секој кандидат, угледот, авторитетот, чесноста, посветеноста, капацитетот и визијата за развој на општината.