СЗО: Можно е коронавирусот никогаш да не исчезне

0
1066

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека ковид-19 можно е никогаш да не исчезне.

За време на прес-конференцијата во Женева, извршниот директор на програмата за итни случаи во СЗО, д-р Мајк Рајан, изјави дека не може да се направат предвидувања кога светот ќе се справи со вирусот.

Важно е тоа прашање да се стави на маса: овој вирус може да стане уште еден ендемичен вирус во нашите заедници и можеби никогаш нема да исчезне. ХИВ сè уште е тука, но ние најдовме начин да живееме со вирусот, рече Рајан.

Тој додаде дека дури и по пронаоѓање на вакцината, контролирањето на новиот вид ќе бара огромен напор.

Повеќе од четири милиони луѓе низ светот се заразени со ковид-19, а досега починаа повеќе од 300 000.

Извор : Весник