КОНЕЧНО ИМ ДОЈДЕ КРАЈОТ НА ГЛЕЈЗЕРИ И КРАЈОТ НА МОЛЗЕЊЕТО ПАРИ НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ КЛУБОВИ ВО СВЕТОТ : МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ОДИ НА ПРОДАЖБА ПРЕКУ АГЕНЦИЈА ОД САД

0
340

Она што тивко се насетуваше деновиве, веројатно и ќе се оствари, Манчестер Јунајтед е блиску до сценарио да оди на продажба.

Ваквата информација ќе ги израдува најмногу фановите на „ѓаволите“, кои немаат никакви односи со сопствениците на клубот, семејството Глејзери.

Доцна вечерва, Манчестер Јунајтед на својата официјална веб страна, објави дека Управниот одбор на клубот, започнува процес на истражување на стратешките алтернативи за клубот.

Како дел од таквиот процес, најверојатно ќе биде вклучена и продажба на клубот, бидејки семејството Глејзери, дале сигнал до банките, да го интензивираат овој процес и да се најде потенцијален нов инвеститор на кого би му го продале целосниот пакет акции.

Пред извесен период, Јунајтед имаше неколку заинтересирани и потенцијални купувачи, прво интерес пројави Сер Џим Ратклиф, човекот кој има акции во многу други познати компании, вклучувајки го и Ф1 тимот Мерцедес, но интерес за купување акции во Јунајтед покажа и ирскиот боксер Конор МекГрегор.

Според извори во Америка, Глејзери на овој потег се решиле откако Кристијано Роналдо ексклузивно го извади интервјуто во британските медиуми, па плашејки се за негативните реакции и остар пад на вредноста на клубот, сопствениците на Јунајтед веднаш реагирале со конкретен одоговор, дека се расположени во најкус можен рок на продажба.