Советот на Европа ја суспендира изградбата на хидроелектраните Бошков Мост и Луково Поле во националниот парк Маврово

0
1031

Советот на Европа ја суспендира изградбата на хидроелектраните Бошков Мост и Луково Поле во националниот парк Маврово, но и на останатите 22 помали електрани, покажува еко-студијата на Бернската конвенција. Меѓународните екологисти не дозволуваат градежни зафати во Маврово вклучувајки и изградба на патна инфраструкатура. Анализата покажала дека под закана била целокупната животна средина во заштитеното подрачје, пренесе 24 Вести.

Планираните хидроелектрани во Националниот Парк Маврово не се компатибилни со статусот на заштита на паркот и вредните екосистеми и видови и како такви треба да бидат напуштени. – пишува во анализата на Бернската Конвенција при Советот на Европа.

Екологистите од земјава сега бараат од меѓународниот финансиер, Европска Банка за обнова и развој да се откаже од проектите. Комитетот усвои и посебна препорака финасиските институции да ги земат во предвид резултатите од истражувањето.

Од владата не се откажуваат од изградба на хидроелектраните, побарале дополнителна студија за исплатливост на проектите, изработена од домашни експерти. Добиените резултати од студијата на реномираните светски екологисти жестоко биле негирани од страна владата на состанокот на Бернаската Конвенцуија, велат од Еко свест. 24 Вести побара потврда и став од владиниот портпарол, но одговор не добивме.

Против изградба на хидроелектрани во Маврово протестираа жителите од реканскиот крај но и протести имаше и во соседна Албанија. Според екологистите во прашање е доведен статусот на националниот парк. Екологистите стравуваат и од изумирање на Балканскиот рис и пресушување на реката Радика. За владата се уште изградбата на Бошков Мост и Луково Поле се од стратешко значење за енергетиката на земјава.