Забрчанец: Манипулативните центри мислат дека може да им поминат, но ние им ги сузбиваме лажните вести

0
180

„Брзиот, одлучен и точен одговор на институциите е една од алатките за справување со дезинформациите. Колку порано и појасно сузбиете одредена лажна вест, толку помали се можностите истата натаму да се шири и да стигнува до повеќе публика. И се разбира, секоја лажна вест не заслужува третман, инаку сите ние би се претвориле во машини за деманти. Умешноста е да се процени кои се пара-вестите кои имаат потенцијал да се шират и во исто време да предизвикаат штета и да следи брз одговор токму за тие вести, а не за секоја лага за која манипулативните центри помислиле дека ќе им помине.“- вели Марјан Забрчанец, нациналниот координатор за комуникациски стратегии, во интервјуто за Слободен печат.

Дополнува дека Владата е одлучна во намерата да се спротивставува на дезинформациите, и тоа преку брза реакција.

„Во дневното справување со фаличните вести, од особена корист на Владата е воспоставениот систем за кризни комуникации, создаден со поддршка од Британската влада. Но, брзата реакција за сузбивање дезинформации не е единствената мерка на Владата – планот против дезинформации што го спомнувате беше објавен во 2019 година и тој е до сега единствениот план на оваа Влада, документ кој е постојано отворен за придонес од сите заинтересирани и засегнати страни.Владата одлучно се спротиставува на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со НАТО, со Фејсбук и Гугл, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите.“- изјавил Забрчанец.