ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЗЕМЈАВА, СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА – Заев по разговорот со Брнабиќ : Од 14 јануари се укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија

0
989

Претседателот на македонската влада Зоран Заев по разговорот со српската премиерка Ана Брнабиќ информира дека од 14 јануари се укинува задолжителниот ПЦР тест потребен за македонските државјани за влез во Србија.

„Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји“, информира владината прес-служба.

Заев денеска имаше телефонски разговор со Брнабиќ со честитки за успешна 2021 година, а биле изразени желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.