Клосе ќе му биде помошник на Флик во Баерн Минхен

0
1270

Германските медиуми најавуваат дека Мирослав Клосе наскоро ќе биде промовиран во помошник на тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик.

„Билд“ пишува дека Мирослав Клосе му дал позитивен одговор на Баерн Минхен за понудата да биде асистент на тренерот Ханси Флик.
Мирослав Клосе оваа сезона беше тренер на екипата на Баерн Минхен до 17 години, челниците на клубот се задоволни од неговата работа, очигледен бил неговиот голем потенцијал за тренер и токму затоа ја добил понудата.
Клосе четири години настапуваше како фудбалер на Баерн Минхен. За германската репрезентација има одиграно 137 натпревари и постигнато 71 гол.