РЕЖИМСКИОТ ХОШТАПЛЕР КОЈ ВОЗИ ИБИЦА ВО БОМБИТЕ НА ЗАЕВ, СЕАД КОЧАН Е ПОЛН КО БРОД – Имотот на Трансмет : од лозја, пасишта и станови до трговски центар

0
1766

Лозја, пасишта, градежно земјиште, трговски центар, ресторани, кафулиња, супер маркети, станови, дуќани, ниви и ливади се само дел од имотот на фирмата Трансмет, што беше замрзнат по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), пишува Призма.

Сопственикот на Трансмет, бизнисменот Сеад Кочан се наоѓа во бегство повеќе од два месеци, откако му беше одреден притвор за случајот „Труст“. Според СЈО, неговата фирма Трансмет, заедно со фирмите Силекс неметали и Вато, во 2011 година, со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ во вредност од над 17 милиони евра.

Во Агенцијата за катастар за недвижности има околу 20 имотни листови кои се водат на името на „Трансмет“. На пример, во местото Бела Вода, Трансмет има пасишта од речиси 60.000 квадратни метри, на местото Тумба Русалија има градежно неизградено земјиште од 7.873 квадратни метри, а најмногу имот има во местото Калуѓерица – нива од 1.690 метри квадратни, градежно неизградено земјиште од 1457 квадрати, пасишта и земјиште од над 1800 квадрати.

Меѓу имотните листови на Трансмет има таков со намена „бензински станици“на површина од над 2000 квадрати во местото Тумба Русалија.

Фирмата Трансмет во своја сопственост има и два станови. Едниот од над 80 квадратни метри се наоѓа на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, додека другиот, нешто поголем од првиот се наоѓа на добропознатата адреса „Димче Мирчев“ 20, спроти МВР.