Честитка на Зечевиќ за Водици: Новите почетоци носат и нова надеж
Генералниот секретар Миле Зечевиќ денеска присуствуваше на церемонијата на фрлање на светиот крст во Охридското езеро по повод големиот христијански празник Богојавление Водици.
Генералниот секретар Зечевиќ на верниците од православна вероисповест им го честиташе празникот со желби за добро здравје, спокој и благосостојба.
,,На сите граѓани, православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици. Им посакувам добро здравје, пред се, спокој и благосостојба.
Симболиката на денешниот празник е духовното раѓање и верба во новите почетоци на човековото живеење. Како новите почетоци што раѓаат нова надеж, посакувам и очекувам меѓусебно почитување и помагање, да дојдеме до помирување на секое ниво.
Да се обединиме за да продолжиме напред кон подобро, но и да го заштитиме наште достоинство, нашата самобитност, нашата иднина.
Бог се јави, за многу години Водици!” истакна Зечевиќ во честитката.
[…] Од извештаи на локалните охридски медиуми, евидентно е дека генералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ, на 19 јануари присуствувал на церемонијата на фрлање на светиот крст во Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление Водици. […]
Comments are closed.