ВМРО ДПМНЕ НАСЕТИ ДЕКА ЌЕ ИМА ДОГОВОР И ЌЕ ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, И ТОА НЕ МОЖАТ ДА ГО ДОЗВОЛАТ ЗАТОА ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ДЕБАКЛ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ- ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БЛОКИРА 11 ГРАДОВИ ЗА ДА СПРЕЧИ „БУГАРИЗАЦИЈА“

0
1154

ВМРО-ДПМНЕ утре од 15 до 17 часот во Скопје и во уште десет градови ќе организира предупредувачки протест, од кој најавија дека ќе побараат Владата да го објави патоказот, за кој според партијата, преговараат со Софија премиерот Зоран Заев и владиниот специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски. Доколку не се даде тој документ на увид на јавноста, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе и други активности, како институционални блокади и слично. Протестите ќе бидат од 15 до 17 часот на три локации во Скопје, пред Собранието, пред ТЦ „Мавровка“ и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека на преговарачката маса за симнување на ветото од Бугарија се ставени идентитетот, јазикот, културата, односно постои опасност за бугаризација на земјата. Повикувајќи се на дипломатски извори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг рече дека двоецот Заев-Бучковски преговара со техничката бугарска влада за делови од декларацијата, која беше усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година.

Оваа паника во ВМРО ДПМНЕ е знак дека сме блиску до договор и почеток на преговори со ЕУ и тоа они не смеат да го дозволат, за нив тоа е ДЕБАКЛ на следните избори и крај на политичката кариера на Мицковски.