(ФОТО) „Сендвич револуционерите“ го чуваат Уставниот суд, а измеќарите на Грујо одлучуваат дали ќе има помилување за изборни измами

0
1682

Уставниот суд на Македонија на седницата која почна денеска точно во 9 часот решава дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или, пак, ќе остане на сила актуелното решение, со кое тоа му е оневозможено, според измените на Законот за помилување од 2009 година, јавува „Мета“.

Поради оваа иницијатива во текот на вчерашниот ден на улиците на главниот град се одржаа два протести. Едниот, организиран од граѓанската платформа „Ајде“, под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“, беше поддржан од опозицијата. Илјадници граѓани побараа да не се менува Законот за помилување, како и оставка од петмина уставни судии, кои, според демонстрантите, работат и одлучуваат по диктат на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Другиот протест беше организиран од власта, преку партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Организаторите на овој протест, кои поставија шатори пред Уставниот суд, велат дека се таму за да го одбранат Уставниот суд и уставниот поредок.

12595969_10207316196176367_1287945550_n

Стотици граѓани од утринава повторно се собираат пред Уставниот суд, како што велат, за да го заштитат уставниот поредок. Разговаравме со неколку од нив и прашавме до кога ќе останат, но никој не сакаше да ни даде конкретен одговор. Дел од граѓаните што се пред судот, тука дошле од рано утринава, а некои тука ја поминале ноќта.

Десетина новинари и сниматели, пак, застанати пред зградата на Уставниот суд, чекаат писмена одлука од судот со образложение зошто денешната седница е затворена. Новинарите претходно се обидоа да влезат и да ја проследат седницата како и секоја друга, но не беа пуштени да влезат во судот.

Пред зградата на Уставниот суд ноќта ја поминаа десетина приврзаници од собирот на ГРОМ, додека демонстрантите предводени од платформата „Ајде“ поради безбедносни причини решија да го напуштат платото пред Македонскиот народен театар, каде го одржаа протестот.