ЌЕ ГО УМРИМЕ СТАРЧЕВО ДОДЕКА СЕ РЕШИ СПОРОТ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА : Нимиц не се откажува за решение за Македонија

0
1282

На порталот BBC, денеска беше објавен текст со наслов „Човекот кој 23 години е фокусиран на еден збор“ во кој британскиот дипломат Метју Нимиц раскажува како тој гледа на спорот со името.

Веројатно сум размислувал за тоа повеќе од било кој друг, вклучително и во земјата – вели 78 годишниот британски дипломат, но морам да ги разочарам сите кои мислат дека тоа е мојата работа со полно работно време.

– Овој проблем ме полудува, мора да го решиш – му рекол Бан Ки Мун на Нимиц, откако во некоја прилика направил лапсус и рекол „Поранешна југословенска република Југославија“.

Некои луѓе мислат дека јас само седам и смислувам нови придавки за името Македонија, како што се Нова Македонија и Горна Македонија, но тоа прашање има историска важност во смисла на градење на нацијата – вели Нимиц.

Според BBC, Нимиц има изенадувачки големо разбирање за стравот на Грција дека Македонците би можеле еден ден да посегнат по грчка територија.

– Морам да објаснам дека грчката загриженост за иредентизам не е неоснована – вели Нимиц.

Тој во една прилика го објасни спорот пред американсите сенатори, барајќи од нив да замислат како би се чувствувале доколку Мексико си го смени името во „Република Мексико и Тексас“ и притоа почне да објавува историски мапи на кои е прикажано дека им припаѓа цел југо-исток од САД.

Но Нимиц вели дека ги разбира и Македонците.

Кога Грците ќе речат за Македонците дека тие се дојдени во деветтиот или десеттиот век и дека не се од регионот, тоа е проблем за Македонците кои не се чувстуваат како новодојдени. Тие се чувствуваат домородно како и сите други.

Се чини дека сите можни придавки на името Македонија веќе се истрошени и отфрлени но Нимиц инсистира спорот да се реши во вистинскиот тајминг.

Тој се надева дека вистинскиот тајминг е близу. Ова се должи на новото лидерство во Македонија, социјалдемократот Зоран Заев стана премиер и го отплетка политичкиот јазол во кој земјата беше долго време. А исто така Македонија треба да најде решение за да може да се доближи до свооите цели, зачленување во НАТО и ЕУ.

Но Нимиц признава дека убедувањето на гласачите на двете земји ќе биде тешко. Македонските лидери ветија дека било кое решение ќе оди на референдум.

Тој мисли дека треба да се охрабрат луѓето да не го гледаат ова прашање како прашање на национален идентитет.

– Еден обичен граѓанин во Скопје еднаш ми рече: „Кога станувам наутро и се бричам, гледам во огледалото и велам, јас сум Македонец. Утре кога ќе се бричам, дали очекуваш од мене да речам, јас сум Ново Македонец или јас сум Горно Македонец?“  – раскажува Нимиц.

Му реков дека оваа грижа е разбирлива, но е погрешно да се гледа на тој начин. Ние разговараме само за формулацијата а името на оваа земја за дипломатски цели. Нема да влијае на обичниот човек.

– Ние не преговараме за идентитет. Доколку беше така, јас не би учествувал во ова – вели Нимиц.

Тој признава дека идентитетот е важен, иако е „голем верник во глобализмот“.

– Верувам дека има племенска нишка во нас како вид и е многу тешко да се чувствуваме удобно во глобален свет, дури и за луѓето како мене – вели Нимиц.

Извор : НоваТВ