(ВИДЕО) Заев од Подгорица испрати силна порака до НАТО : Членството на Македонија е наша заедничка иднина

0
1501

Почитуван потпретседател на САД, Мајк Пенс, почитуван премиер на Црна Гора, Душко Марковиќ, почитувани присутни, почитувани медиуми,

Јадранската повелба испраќа силна регионална порака до НАТО Алијансата и до светот:

– Членството во НАТО е нашата заедничка иднина.

Интеграциите во НАТО бараат од нас меѓусебна соработка. Бараат политики на мостови. Бараат зрели политички раководства кои имаат чувство за тоа што им е потребно на граѓаните на нашите држави. Бараат одговорност за регионалната и глобалната безбедност. Бараат свесност од наша страна, како поединци кои имаат чест да ги предводат државите, и како држави, да придонесуваме кон светскиот мир.36334723855_b08a5bec58_o

Со нашето присуство овде, на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба ние велиме: Да, подготвени сме да соработуваме во интерес на граѓаните на нашите држави и низ интеграциските процеси, да го донесеме регионот до неговиот дом, до големото семејство на НАТО.prem Zaev obrakanje 1Членството на Црна Гора во НАТО е охрабрувачка порака на Алијансата дека вратите се отворени за сите што ќе се издигнат над сопствените предизвици и ќе покажат дека можат да придонесуваат за колективните потреби и за сопствените граѓани.

И честитам на Црна Гора!

Изразувам верба и подготвеност за акција, за Република Македонија да биде 30-тата членка на НАТО.dsc_2078_36334733515_o

Интеграциите на Република Македонија во НАТО и во Европската унија се стратешки цели за нашата држава. Сите патокази го покажуваат патот на Македонија токму кон НАТО и ЕУ. Новата Влада на Република Македонија, ќе се обврзам и на овој форум, е одлучена да биде локомотивата на возот кон овие две организации, за да го осигураме добриот живот на нашите граѓан и иднината своите деца.

Работиме темелно, посветено и енергично.

За да ги забрзаме интеграциите во ЕУ и НАТО на домашен план го почнавме Планот 3-6-9 за итните реформски приоритети, што водат кон професионални и независни институции, демократизација на целото општество, а со тоа и кон квалитетен живот за сите граѓани.whatsapp-image-2017-08-02-at-144457_36163024462_o

На регионален план се отворивме кон соседите за зацврстување и продлабочување на соработката, пријателството и довербата. Вчера потпишавме Договор за добрососедски односи со Бугарија, но паралелно ја интензивиравме комуникацијата и со другите земји од регионот.

Овие чекори се во насока на развој на Република Македонија но и на развој на регионот.

Очекувам дека ќе придонесат кон напредок во европските и евро-атлантските интеграции на Македонија со членство во НАТО и со сериозни придвижувања на државата кон членство во ЕУ.prem Zaev obrak 2

Охрабрени сме од оптимизмот, вербата и поддршката што ги чувствуваме од нашите граѓани, но и од оптимизмот, вербата и поддршката што доаѓаат од САД и од нашите пријатели, земјите членки на ЕУ.

Тоа за мене како премиер на Република Македонија и за нас како Влада е силен мотив да ја оправдаме довербата и да ги оствариме очекувањата во интерес на граѓаните на Македонија, на регионот, како и во светски рамки.

Бидејки е ова Самит што се однесува на НАТО интеграциите, изразувам во оваа прилика благодарност за постојаната соработка со САД којашто многу значи за демократските интеграциски процеси на Македонија, а и регионот.dsc_1026_36162881292_o

Тоа што со нас седи висок претставник на Соединетите Американски Држави, покажува каков верен, стратешки партнер имаат Македонија и регионот во САД и во НАТО.

Затоа најавувам дека ќе продолжиме како држава да бидеме партнер од доверба во мисиите на НАТО и активно дапридонесуваме кон безбедноста.

Република Македонија ќе го зголеми буџетот за одбрана и ќе го зголемиме учеството во мисиите на НАТО.dsc_2078_36334733515_o

Исто така, ќе ги интензивираме односите со земјите членки на Јадранската повелба.

Свесни сме дека дека регионот, овој мал дел од светот на којшто припаѓаме, е стратешки важен за регионалната и глобалната безбедност и стабилност.

 Ова треба да не охрабри, не смее да `не плаши. Да работиме напорно и со нашите потенцијали и да покажеме дека силата е во волјата и во ангажираноста, а не во тоа колку сме големи или мали како држави. Затоа што, на крајот, секој има своја улога и свое значење под сонцето, на демократскиот хоризонт.

Јадранската повелба е можност да седиме заедно и да ги дискутираме заедничките интеграциски, безбедносни и одбранбени предизвици, како и идните перспективи за регионална и транс-атлантска соработка, како и да бидеме активни партнери во овие процеси.image-2017-08-02-at-184052_36167044502_o

Република Македонија е почестена што може да претседава со Самитот на земјите членки на Јадранската повелба и да биде ко-домаќин со Република Црна Гора.

Ја имаме шансата да покажеме дека ние сме генерација политичари со позитивен дух и со отворен ум за потребите од нов начин на управување и убеден сум дека ќе одговориме достоинствено на честа и одговорноста доверена од граѓаните во нашите држави, во регионот, а во интерес на потребите на светскиот мир и напредок.