ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ ЛИДЕР ОБЈАВИ НОВА ,,БОМБА” ПРОТИВ РАШКОВСКИ

0
1751

Порталот „Економски Лидер“ објави нов аудио снимка од разговорот кој се водел помеѓу генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и претставници од италијанската компанија „Леонардо“, во врска со тендерот за набавка на радарски систем.

Како што објави „Лидер“ аудио снимката била доставена до нив од страна на свиркач, а на мемориски стик. Како што пишува порталот снимката содржи „нови компромитирачки материјали кои даваат индиции за кршење на закони на Република Македонија и правила на ЕБРД“.

Од „Лидер“ велат дека на снимката освен гласот на Рашковски се слуша и гласот на тогашниот технички директор на М-НАВ Климент Чапуњовски и директорот и претседател на управниот одбор на компанијата Николче Тасески.

Според „Лидер“, Рашковски знаел дека според правилата тој не смее воопшто да разговара со компанијата „Леонардо“, „затоа што во моментот на состанокот се уште тендерот официјално не е добиен.“

„Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ – затоа што тендерот се уште не бил комплетиран – но и покрај тоа инсистирал состанокот да се одржи“, пишува „Економски Лидер“.