Kирацовски: Геровски го замолувам да не ми импутира термини кои никогаш не сум ги рекол

0
855

Сакам да ја информирам јавноста дека денес дадов изјава во Обвинителството. Од денес, се надевам, завршуваат лажните вести и инсинуации кои досега нанесоа штета на недолжни личности и истрагата, за момент, ја одведоа во погрешен правец, а ќе преовладуваат фактите и вистината.

Господинот Бранко Геровски, кој го почитувам и кој, за волја на вистината, изрази извинување, потврдувајќи дека во врска со мене направил “фаул”, го замолувам да не ми импутира термини кои никогаш не сум ги изрекол и да не користи квалификации кои се во доменот на надлежните институции. Овој случај нанесе штета врз општеството, но знам дека сите заедно следејќи ги правдата и вистината ќе излеземе посилни, а општеството зајакнато!

Александар Кирацовски