ШОКАНТНО СВЕДОШТВО НА КАМЧЕВ : БОКИ 13 СО ПАРИТЕ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ САКАЛ ДА ЈА НОСИ КАТИЦА ЈАНЕВА НА ОПЕРАЦИЈА ЗА СЛАБЕЕЊЕ!

0
1428

Во Кривичниот суд се уште трае рочиштето за случајот „Рекет“ во кое обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Орце Камчев му одговори на Боки дека во ниту еден момент не го набедувал да се слуша и споменува со политичари пред него, ниту да му покажува слики, пренесува „ТВ21“.

„Јас не те набедував пред мене да се слушаш со политичари и да ми ги пушташ на спикерфон, да ми покажуваш слики, како што не те набедував да ми ја носи Катица на операција за смалување на килажа“, рече Камчев.

Бојан Јовановски – Боки 13 во текот на денешниот исказ на Јордан Камчев, рече дека поднел тужба против него поради шпионажа.

Тој откако почна да објаснува зошто е тужбата, судијката го прекина велејќи му дека има право само да поставува прашања, а не да коментира и да образложува.