(ВИДЕО) ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ, СИТЕ БОЛНИ СЕ ЖИВИ И СТАБИЛНИ, ПРВАТА ЗАБОЛЕНА ОЗДРАВЕЛА И ДЕНЕСКА Е ПУШТЕНА ДОМА!

0
1011

Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, нејзините тестови се негативни на коронавирирусот и таа добро се чувствува.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар, изјави на денешната прес конференција на министерството за здравство, министерот Венко Филипче.