Шефот на кабинет на Сашо Мијалков, помилуван и осомничен во „Тврдина“, ќе се бори со криминал во регионот!

0
1411

Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е назначен за генерален директор на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот ( SELEC). Тој е еден од осомничените од страна на СЈО во случајот „Тврдина“, како и еден од помилуваните од претседателот Ѓорѓе Иванов, пишува „Нова“.

Еден од осомничените во случајот „Тврдина“, Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби унапредување во кариерата. Тој стана генерален директор на Југоисточниот европски центар за спроведување на законот ( SELEC), меѓународно тело за борба со криминалот, вклучувајќи организиран криминал во Југоисточна Европа.

Јакимовски е еден од 56-те помилувани лица кои се најдоа на листата за сега повлечената, колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Според биографијата на Јакимовски, достапна на веб сајтот на оваа меѓународна мрежа, тој од 2014-та до 2016-та година работел како Национален координатор за борба против тероризмот, минатата година бил помошник директор за координација во МВР и УБК, додека од 2006-та до 2015-та е раководител на Сектор за координација во МВР и УБК.

Целиот текст ОВДЕ