Шампионите во Dota 2 освоија 6,6 милиони долари

0
979

Можеби не сте запознаени со The International 2015, со играта Dota 2 или пак ги сметате е-спортовите за детска игра.

Она што може да го смени вашиот став е наградата од 6,6 милиони долари што ја освои американскиот тим Evil Geniuses составен од пет про-гејмери, докажувајќи дека се најдобри од најдобрите.

dotamona0

Победничкиот тим го совлада тимот CDEC во големото финале на The International 2015 и со тоа освоија дел од наградниот фонд вреден 18 милиони долари, пишува Mashable.

Второпласираниот тим CDEC, нема многу причини за жалење, бидејќи тие освоија 2,8 милиони долари.

Колку за појаснување, The International е годишен натпревар во е-спортови кој се фокусира на една игра – Dota 2. Играта е проект на Valve Corporation, што воедно е и организатор на настанот.