(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ОПШТИНА ГАЗИ БАБА : “Танцот на полуматурантите” втора година по ред обедини над 600 ученици од 11 основни училишта на плоштадот во Автокоманда

0
1799

Манифестацијата “Танцот на полуматурантите” по втор пат ги обедини сите ученици од 11 основни училишта кои се наоѓаат на територија на општина Гази Баба и тоа на плоштадот во Автокоманда. Над 600 основни играа во еден ритам и со тоа на симболичен начин заедно ставија крај на основното образование и учебната година под мотото “Од полуматура до танц култура”.

Претходно, парадираа од улица “16 Македонска бригада” во населбата Железара па се до плоштадот во Автокоманда. 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски ја отвори манифестацијата, а на полуматурантите им посака успех во понатамошното образование и да станат јак столб на општеството.

– „Мило ми е што заедно со вас, над 600 ученици од сите 11 основни училишта со танц ќе ја заокружиме етапата на основното образование и заедно ќе ја прославиме вашата полуматура. Ви посакувам успеси да редите во понатамошното образование, да се оформите во квалитетен кадар кој пред се, ќе биде успех за самите вас а потоа и за општината, за градот, за државата. Горд сум што денес овој настан има и инклузивен карактер и сакам да ги поздравам нашите другарчиња од посебното основно училиште Иднина, кои се заедно со нас на овој убав настан. Меѓу нас нема разлики, сите сме еднакви и тоа е посебната убавина на овој настан“, истакна градоначалникот Георгиевски.

По танцот, беше организирана и забава за полуматурантите со настап на групите од студиото за танц Еурека, како и музичка програма.

“Танцот на полуматурантите”  за прв пат се одржа мината година, на иницијатива на студиото за танц Еурека, чии тренери ги обучија учениците како да го изведат завршниот танц, со поддршка на општина Гази Баба.

Оваа манифестација се одржува само во општина Гази Баба и секоја наредна година традиционално ќе се реализира со цел да ги сплотува сите полуматуранти со танц и песна да го завршат основното образование.

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Одделение за односи со јавност