(ФОТО) МЕГА СКАНДАЛ: Граѓаните од село Опила, Ранковце, ќе гласаат во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, кој е претворен во дувло за пијанчење на партиските активисти до раните утрински часови!

0
2509

Граѓани од општина Ранковце реагираат дека во селото Опила избирачкото место 0984 е сместено во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК се залага за фер и демократски избори од една страна, а дозволува граѓаните да гласаат во приватен објект кој се издава како штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а неколку дена пред изборите се отстрануваат партиските реквизити и во истиот објект се гласа. Кај дел од месното население тоа прави револт и реагираат до претставникот на ДИК во Крива Паланка кој како и за претходните избори така и за овие не презема никаква активност. Затоа принудени сме да реагираме до медиумите како би се обезбедиле нормални услови за гласање. Во објектот често членовите на ДПМНЕ си прават журки со бучна музика и пијанчење до раните утрински часови. Во прилог испраќаме слики кои го потврдуваат пишаното, со надеж дека ДИК ќе најде нов соодветен објект“, велат граѓани од Ранковце.opila2-png 15150988_1237616302966893_1712152926_n 15174527_1237616306300226_403541349_n 15209083_1237616322966891_950070478_nИзвор : Мактел.Мк