МЕРКИТЕ НА ФИЛИПЧЕ НЕ ЧИНАТ ИЛИ ВООПШТО НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ? КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА СВАДБА СО 300 ГОСТИ ВО СТРУМИЦА

0
850

СВР Струмица поднела кривична пријава против три лица од струмичкото село Банско за организирање на свадбена веселба во време на пандемија, соопшти денеска МВР.

“СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 28.02.2021 пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби” – се наведува во соопштението на МВР.