ФОТО: Кретен со возило влета на протестот пред домот на Груевски, сакајќи да прегази демонстранти!

0
901

Возач на жолто поло речиси прегази група демонстранти кои протестираа попладнево пред зградата на премиерот Никола Груевски, велат очевидци на настанот, кои успеале да го фотографираат инцидентот, пренесе Кирилица.

protest kol

Инцидентот се случил околу 7 часот, кога група демонстранти ја поминувале раскрсницата помеѓу улиците Јордан Мијалков и Павел Шатев, кога на нив налетало жолто поло, и речиси ќе прегазело дел од нив. За среќа демонстрантите успеале да го избегнат, а една од нив, активистката Виданка Бошковска, едвај се спасила.

– Изгледаше како намерно да сака да не прегази. Требаше да врти накај надвозникот, а уште му беше црвено на семафорот, а тој, веројатно изнервиран што протестираме за оставка на Груевски, тргна силно накај нас. Голема среќа е што никој не беше повреден – вели еден од демонстрантите кои се нашле на самото место.