КОМАНДАНТ ПАЛАЧИНКА!!! ТЕ ПРЕДИЗВИКУВАМ НА “УЛТИМАЈТ ФАЈТ“ БОРБА! АКО СИ МАЖ, ДОЈДИ И УДРИ МЕ МЕНЕ!

0
2288

На еден од протестите на опозицијата одржан пред Јавното Обвинителство на 7-ми мај оваа година, мојата сопруга Јасминка Ангелова препознала еден од полицајците кој стоел во полицискиот кордон, наш пријател, поранешен боди гард на Љубе Бошкоски. Му пришла, се поздравиле, размениле неколку реченици. Во моментот кога се свртела со грб кон полицајците за да се фотографира, почувствувала силен удар во задната страна на главата.

Силината на ударот ја зашеметила. Почнала да и се врти свеста. Не можела да сфати што и се случило. Збунета и исплашена, како во транс почнала да се оддалечува од полицискиот кордон. Во главата, како во магла, и се вртела мислата дека ја удрил некој од полицајците. Но зошто??? Не и било јасно зошто??? Не направила ништо. Не направила никаков прекршок. А и да направила. Полицајците не смеат туку-така да ги удираат граѓаните. Го враќала филмот наназад. Со ништо не испровоцирала никого за да биде удрена. Само се поздравила и разменила неколку реченици со полицаец од кордонот. И толку.

Додека така збунета и исплашена размислувала што и се случило и пришол пензионираниот армиски полковник Богослав Лескаровски, еден од моите најблиски соработници, член на раководството на “Достоинство“. Ја тргнал настрана од полицискиот кордон, почекал малку да се смири и ѝ кажал дека била удрена од полицаец кој не стоел во кордонот туку бил позади полицајците. Полицаецот најпрво ја исчекал да се сврти со грб и веднаш потоа, неочекувано, ја мавнал во тил. Бидејки протестите биле мирни, немало никаква гужва ниту насилство, полковникот, за потребите на “Достоинство“, цело време сликал со неговиот мобилен телефон. Не очекувајки дека Јасминка ќе биде удрена, во камера го фатил и моментот на ударот во тил.

ПОТРЕС НА МОЗОКОТ
По завршувањето на протестите Јасминка заминала дома. Мислела дека вртоглавиците, зуењето во ушите и болките во главата ќе и разминат сами од себе. Но, наместо подобрување, здравствената состојба почнала да и се влошува. Неколку часа подоцна вртоглавицата и болките почнале да се засилуваат. Да биде злото поголемо, целиот настан се случува неколку дена откако јас заминав за Ирак. Сама и исплашена, со вртоглавици и болки во главата, ја однеле на дежурен доктор во поликлиниката “Јане Сандански“. Оттаму, поради влошената здравствена состојба, ја упатиле во Клиниката за хируршки болести (поранешна Градска болница). Таму ја прегледал дежурниот неврохирург. И направиле и рентген снимка на главата. Врз основа на направениот преглед и испитувања докторот и поставил дијагноза потрес на мозокот и нагмечување на задниот дел на главата. Поради сериозноста на потресот докторот ја задржал во болница и ѝ дал совет неколку дена да остане на болничко лекување.

Неколку часа подоцна дошле тројца полицајци од полициската станица “Центар“. Во службениот разговор со нив Јасминка им објаснила кој и како ја удрил бидејки во меѓувреме го дознала идентитетот на полицаецот-кукавица кој ја удрил. Полицајците извршиле службен разговор и со докторот кој ја прегледал Јасминка.

КОМПЛИКАЦИИ
Далеку од дома, преку интернет, бев во постојана комуникација со мојата сопруга. Иако можам да ја пофалам дека е прилично храбра жена, овој злобен и насилен чин ја извади од колосек. Беше силно вознемирена и исплашена. Се плашеше да не и останат последици од ударот, се плашеше како без мене, со вртоглавици и болки во главата, ќе се грижи за трите наши малолетни деца?

За да биде злото поголемо, токму во тој период немавме здравствено осигурување бидејки и двајцата бевме невработени. Затоа, неколку дена пред да заминам за Ирак, како воен инвалид од 2001-та, поднесов барање за здравствено осигурување до Управата за воени инвалиди од каде службеничките ми излегоа во пресрет во најкраток можен рок. Проблемот настана подоцна бидејки Управата за воени инвалиди доцнела со уплата на парите за здравствено осигурување на воените инвалиди во Фондот за здравство поради што, иако сопругата беше уредно осигурана преку мене, сепак немаше валидно здравствено осигурување. Од болницата и рекле да плати приватно а дека парите ќе и бидат вратени откако Управата за воени инвалиди ќе ги подмири обврските кон Фондот за здравство.

Плати, ама од каде??? Еден болнички ден во оваа болница ја чинеше Јасминка околу 3.500 денари. Јас само што бев дојден во Ирак и сеуште немав земено плата поради што буквално бевме пред семеен банкрот. Парите кои во дел од јануари и фебруари ги заработив работејки обезбедување на бродови од пиратски напади, веќе беа на самиот крај. Да биде злото поголемо, мојата сопруга во март беше принудена да го напушти работното место во МВР со што останавме и без нејзината плата. Уште полошо, останавме и без нашето здравствено осигурување бидејки бевме осигурени преку неа. Сите комплет. Заедно со трите деца. Малкуте пари кои ни останаа ги чувавме колку за храна. Не плаќавме ниту сметки. Чекавме на мојата прва плата. Со еден збор, во тој момент пари немавме ниту за лек. За да не се изложуваме на дополнителни стресови и непријатности барајки пари за болнички престој, со сопругата се договоривме утрото да ја напушти болницата спротивно на советот на дежурниот доктор. Ќе повторам, среќа во несреќа беше тоа што имав интернет. Иако беше слаб, можевме барем да комуницираме и заедно да носиме одлуки.

Следното утро сопругата ја напушти болницата. Со дел од нашите последни пари ја плати сметката за еднодневниот престој и лекување и замина дома. Мислевме дека дома, во домашна атмосфера, покрај трите деца, вртоглавицата и главоболките брзо ќе се повлечат. Но тие, како за инает, никако не попуштаа. Десетина дена подоцна сопругата мораше повторно да отиде на преглед. Докторот и препиша посилна терапија која постепено и ја подобри здравствената состојба.

ПРИЈАВА ДО ВНАТРЕШНАТА КОНТРОЛА НА МВР
Неколку дена подоцна сопугата го пријави случајот во Секторот за внатрешна контрола на МВР. Во доказниот материјал како сведоци ги навела полицаецот пред кого била удрена како и полковникот Лескаровски. Го приложила и отпусното писмо од болница во кое јасно стоелa дијагнозата потрес на мозокот и нагмечување на задниот дел на главата. Воедно, ги упатила инспекторите од Внатрешна контрола да ги обезбедат службените белешки од полицајците од ПС Центар за извршениот разговор со неа и дежурниот доктор.

Во својата изјава пред инспекторите од Внатрешна контрола, полицаецот пред чии очи Јасминка била удрена во тил објаснил дека откако се поздравиле таа се свртела со грб. На негово големо изненадување, во истиот момент, сосем неочекувано и со ништо непредизвикано, покрај неговата глава прелетала рака која силно ја удрила Јасминка во тил. Се сеќавал дека косата на Јасминка се разлетала на сите страни по што знаел дека ударот е силен. Се свртел и го видел Здравко Анчевски, командир на вод во единицата за Јавен ред и мир.

Вториот сведок, полковникот Лескаровски, објаснил дека во моментот кога Јасминка се свртела со грб, полицаец кој стоел веднаш позади полицискиот кордон, замавнал и ја удрил во задната страна на главата. Бидејки не очекувал таков развој на настаните полковникот направил неколку фотографии на кои точно се гледа моментот на ударот во тил.

Во отпусното писмо кое Јасминка го приложила до Внатрешната контрола на МВР стоела дијагноза потрес на мозокот и нагмечување на главата.

Службената белешка од разговорот на полицајците од ПС “Центар“ со Јасминка направен ноќта после ударот ја немало во доказниот материјал. Исто така ја немало и службената белешка од извршениот разговор со дежурниот доктор. Најверојатно некаде се сокриени или воопшто не се изработени.

Сите овие докази не биле доволни Секторот за внатрешната контрола на МВР да поведе дисциплинска постапка против полицецот-кукавица Здравко Анчевски меѓу колегите познат и како “Командант Палачинка“. Во известувањето на МВР стои дека нема докази во полза на обвинувањата на мојата сопруга. Воедно, овие докази не биле доволни ниту за ПС Центар да започне прекршочна постапка против насилниот полицаец-кукавица.

КУКАВИЦАТА ГИ КРИЕ ТРАГИТЕ
“Командант Палачинка“, наместо да се јави, наместо да се обиде да се извини, наместо да побара прошка… Или барем да молчи, да се сокрие некое време, да исчезне, да направи нешто, да направи било што, само колку да се подзаборави, или колку да го амортизира мојот гнев…

Тој, како што прилега на вистинска кукавица, кукавица без морал, чест и достоинство… Почнал да се јавува кај полицајците кои тој ден биле на работа. Почнал да ги убедува да дадат изјава дека тој не ја удрил Јасминка. Дека мојата сопруга воопшто не е удрена. Воедно се правдал и дека не знаел чија сопруга е Јасминка. Демек, ако удрел друга жена а не мојата, неговиот грев ќе бил помал???

Кукавицата Здравко Анчевски, како вистински претставник на режимот, со притисок и закани успеал да натера неколку полицајци да дадат лажни изјави во негова полза. На тој начин уште повеќе го зголеми мојот гнев. Вмеша невини луѓе, вмеша полицајци кои воопшто не биле сведоци на настанот само за да си ја спаси сопствената кожа. Иако изјавите ги дале под притисок и закани, еден ден, овие полицајци ќе треба да ме погледнат во очи. И воедно да дадат одговор зошто дале лажни изјави во корист на кукавицата која утре можеби ќе удри и друга жена.

Давањето лажна изјава пред официјални органи на МВР како што е Внатрешната контрола е кривично дело за кое се оди во затвор. Затоа, со време ги повикувам оние неколку полицајци кои подлегнале под притисокот на кукавицата, да ги повлечат нивните лажни изјави. Повлечете ги вашите лажни изјави и ќе ви биде простено! Во спротивно… Ќе ве гонам додека сум жив Затоа, уште еднаш, повторувам! Повлечете ги вашите лажни изјави!!! Вие ниту сте виделе, ниту сте можеле да видите дали кукавицата ја удрил мојата жена!!! Вашата поставеност во кордонот не ви дозволувала да видите што се случува странично од вас, ниту пак позади вас. Некои од вас дури не ни биле на местото каде што мојата сопруга е удрена!!! Тоа се докажува многу лесно!!! Еден ден, и тоа многу бргу, режимот ќе падне. А тогаш… Сите гнасотилаци на режимските кучиња, вклучувајки ги и вашите, ќе излезат на површина. Затоа, уште еднаш ве повикувам, повлечете ги вашите лажни изјави и ќе ви биде простено!!!

Сосем очекувано, Внатрешната контрола на МВР ги зела во предвид само лажните изјави на неколкуте полицајци – лажни сведоци но не ги зела во предвид, како доказен материјал, изјавите на полицаецот пред чии очи Јасминка била удрена ниту изјавата на полковникот Лескаровски, ниту пак извештајот од докторот.

Посебен момент кој боди во очи е криењето на службените белешки кои најверојатно ги изготвиле тројцата полицајци кои ноќта после ударот ја посетиле Јасминка во болница и од неа и докторот зеле официјална изјава. Овие службени белешки воопшто не се споменуваат во известувањето на Секторот за внатрешна контрола. Иако и нападот врз Јасминка исто како и службените белешки за нападот, најверојатно се заведени во ПС Центар. Доколку пак не се заведени тогаш некој извршил кривично дело за кое исто така се оди во затвор. Затоа ги повикувам и полицајците кои ги изготвиле или требало да ги изготват службените белешки! Изгответе ги или најдете ги вашите изготвени службени белешки и барајте од вашите старешини да ги достават до Секторот за внатрешна контрола! Во спротивно, и за вас важи истото што важи за полицајците кои дале лажни изјави!

КУКАВИЦО “КОМАНДАНТ ПАЛАЧИНКА“!!!
Отсекогаш ми се гадело од полицајци-кукавици како тебе! Кукавици кои се храбри само кога се во униформа! Кукавици кои се силни само кога се во униформа! Кукавици кои се тепаат само кога се во униформа! Кукавици кои ја користат униформата за заштита од похрабрите од нив! Кукавици кои ја користат униформата за заштита од посилните од нив! Кукавици кои длабоко во себе се мали, плашливи луѓе.

Ти “Командант Палачинка“ и порано ја имаш злоупотребувано полициската униформа! За да ги лечиш твоите комплекси. За да демонстрираш сила и моќ. Којзнае, можеби тоа те возудува. Можеби тогаш се чувствуваш како маж. Бидејки без униформа, ти си едно обично, мало, исфрустрирано и исплашено маже.

На кошаркарски натпревар во април минатата година, си удрил навивач на Работнички во глава. И за овој удар постои снимка. Видео снимка. И тогаш, исто како и сега, со лажни изјави си успеал да се спасиш. И тоа не е сѐ. Уште неколку пати си фатен жив, како во униформа, за време на вршење на службената должност удираш невини луѓе. Затоа што тогаш си јак! Затоа што тогаш се чувствуваш силен! Затоа што тогаш се чувствуваш како маж! Маже едно!

Кукавицо!!! Сигурен сум дека кога на улица, незаштитен со твојата полициска униформа, би налетал на истиот тој навивач кого си го удрил во глава, ќе побегнеш како… Си знаеш како што.

Ти кукавицо си зборувал на твоите колеги што сум се замислувал јас??? Кој сум бил јас??? Нели маже??? Бидејки јас не сум како тебе! Јас сум никој и ништо! Затоа што јас немам полициска униформа! А ти маже, ти си силно, ти маже си јако!!! Затоа што, ти маже, носиш униформа!!!

Но тоа не е сѐ! Ти кукавицо, покрај насилството во униформа имаш уште една маана. Ти лепи рачето. Сакаш и да крадеш. Посебно од твоите жртви. Бидејки тоа најверојатно ти дава доза плус задоволство. Ти кукавицо имаш извршено кражба за која си осуден на една година затвор, условно, само затоа што носиш униформа. Да не се бил полицаец, да не си ја злоупотребил униформата по којзнае кој пат, ќе си завршел во Идризово. Или во Шутка. Крадец еден! Дури ни тоа не е сѐ. Против тебе кукавицо и по вторпат има пријава. Но и вториот пат си се спасил. Бидејки носиш униформа.

ПОВИК ЗА БОРБА
Исфрустрирано маже во униформа! Крадецу во униформа! Насилнику во униформа! Кукавицо во униформа!

Имам еден предлог. Еден добар предлог. Еден машки предлог. За да не се надмудруваме. Ти кај твоите колеги, јас на ФБ.

Те предизвикувам на тепачка. Нѐ на улична тепачка. Те предизвикувам на ултимајт фајт (Ultimate Fight) тепачка. Поточно на ултимајт фајт спортска борба. Правила – без правила!!! Единствено не е дозволено гризење. Но, ако сакаш, може и тоа.

За борбата ќе ангажираме професионален судија. Судија кој ќе суди. Судија кој ќе го прогласи победникот. Судија кој ќе ме сопре да не те убијам. Ти самиот одбери го судијата. Одбери кого сакаш. Јас ќе му платам да ја суди нашата борба.

Јас ќе платам за судијата, јас ќе платам за салата, јас ќе платам за рингот. Но сепак, подобро е борбата да биде во кафез. Да не можеш да ми побегнеш.

Командант Палачинка!!! Ако ја прифатиш оваа борба, без разлика на исходот, ќе ги сопрам сите постапки против тебе. Ако не ја прифатиш, ќе те гонам додека си жив. Како животно. Ќе те гонам до крајот на светот. Ќе те гонам до портите на пеколот. Само тебе. Твоето семејство нека биде мирно. Тие нема да трпат никаква штета. Ако треба, јас лично ќе се погрижам за нив. Бидејки тие не се виновни што живеат со ѕвер!!! Ѕвер кој без причина удри жена во тил!!!

Кукавицо!!! Ако го имаш она за кое јас мислам дека го немаш! Уште од сега ти закажувам борба. Јавна борба. Во сала. Пред публика. Првиот ден штом се вратам од Ирак. Некаде во август. Ти закажувам отсега за да имаш време да се подготвиш. Иако подготовките нема многу да ти помогнат.

Кукавицо! За да те охрабрам да дојдеш, за да те убедам да дојдеш, за да ти го намалам стравот да дојдеш! Те потсетувам дека јас сум инвалид. Воен инвалид. Инвалид од 2001-та. Инвалид со кој би требало лесно да се справиш. Бидејки, ти си “тепач“. Затоа, собери храброст и дојди. Дојди и застани пред мене. Погледни ме во очи и удри. Удри ме мене а не некоја кревка и недолжна жена. Ако така се чувствуваш подобро, дојди во униформа. Кукавицо една!

Кукавицо! Колку и да се држам, колку и да вежбам, колку и да не ми се познава однадвор, длабоко внатре, во моето тело, јас сепак сум инвалид. Тежок инвалид. Лесно ќе се справиш со мене ако ме удриш во неправилно скршените и лошо зараснати ребра. Таму каде што во 2001-та куршумот се забил и поминал, денес сеуште ме боли. Од болката од твојот удар можеби ќе паднам. Или уште подобро. Удри ме во долниот дел на десниот бел дроб. Таму е празно. Како празна вреќа. Бидејки го нема. Нема парче од мојот бел дроб. Докторот го извадил. Затоа што било раскинато, крвјосано и нефункционално. Тука можеш да направиш двојна штета. На местото каде што ми е пресечено изваденото парче, белиот дроб ми е зашиен како скинат самар. Којзнае, можеби крпеницата ќе пукне. Можеби ќе бликне крв. И толку. Готов сум. Си ме средил. Можеш да ме акнеш и во дијафрагмата. Бидејки понекогаш ме боли. Малку повеќе. А и десната страна од дијаграгмата, срасната ми е за белиот дроб. Со некакво сврзно ткиво. Кој го знае какво. Можеш да маваш и од десната страна на градниот кош, во пределот под рамото. Таму сеуште стојат 50-ина ситни шрапнели од кошулицата на куршумот. Кога ќе се размрдаат предизвикуваат бол. И мали, ситни, крвни подливи. Па ми отрпнува. Целата страна. Или сепак можеби е најдобро да нишаниш во металната жица со која ми се стегнати скршените ребра. Таа некако најмногу ме иритира. Ме допира на некој глуп нерв. И ми предизвикува болка. Понекогаш, чудна болка. Болка која ме потсетува. Болка која ме враќа назад. Болка која ме тера да го почитувам животот.

Кукавицо!!! Тоа беа добрите вести за тебе. Лошата вест е една. Само една. Во споредба со тебе и таквите како тебе… И покрај мојата возраст. И покрај моите рани. И покрај мојот инвалидитет. Јас сум машина! Борбена машина! Убиствена машина!

Затоа! Доколку не дојдеш на закажаната борба! Ќе те најдам јас! Тогаш кога најмалку очекуваш! Таму каде никогаш не очекуваш! Ќе те најдам и ќе зажалиш! Ќе зажалиш за сѐ лошо што си направил во животот! Се разбира. Без насилство. Без љубов. Без емоции.

“Командант Палачинка“, те чекам во инбокс или на мобилен да се договориме за борба.

П.С. Бидејки длабоко во мене сум мирољубив, хуман и чесен човек, човек кој знае да простува, ти нудам шанса. Доколку јавно се извиниш и побараш прошка! Доколку ги повлечеш лажните сведоци и изјави! Доколку ги оставиш институциите да си ја завршат работата до крај! Ќе го повлечам предизвикот за борба. И, ќе престанам да те барам.

П.П.С. Во првиот коментар долу, погледајте фотографија од кукавицата “Командант Палачинка“.

11695752_850468241707136_2997552084206413814_n

02.07.2015 година
Сопругот на Јасминка Ангелова, Стојанче Ангелов