(ФОТО) Еве како РЕЖИМОТ ГИ ТРУЕ ДЕЦАТА: Скандалозни цитати во учебник по Социологија за средно!

0
3424

12821447_10208252697813209_3058950294305594786_n-670x377

На социјалните мрежи се споделуваат извадоци од учебникот по Социологија за втора година на реформираното гимназиско образование од д-р Нелко Стојаноски, д-р Милева Ѓуровска и д-р Зоран Митевски, одобрен од Министерство за образование и наука.

Во лекцијата „Образованието и животните шанси“ пишува:

„Децата од работнички семејства главно се ориентирани кон практичниот живот….

Децата од средната класа БЕЗУСЛОВНО треба да ги надминат своите родители во степенот на образование, во кариерата и во успехот во животот. Најчесто родителите од средната класа им велат на своите деца: Учи и заврши факултет за да не се мачиш…..или Заврши факултет за ништо да не работиш…

Припадниците од повисоките слоеви ги тераат своите деца да завршат елитни училишта иако немаат економски причини за тоа. Тие можат да ги вработат своите деца без да завршат некое особено образование.

Но дипломите им се во функција за задоволување на престижната улога во општеството. Дипломите од факултетите им се потребни за да можат своите деца да ги изолираат од контакти со деца од пониските слоеви, кои можат да ги расипат“, пишува во учебникот.

Граѓаните се шокирани и го осудуваат напишаното, како авторите и рецензентите, така и министерството што го одобрило и ја поттикнува поделбата на класи и дискриминацијата.