(ФОТО) Демонстрантите ја ставија во „сендвич“ полицијата во Жена-парк: Кого браните за 15-20.000 денари плата!?

0
1138

Полицијата во паркот „Жена-борец“ е во сендвич од демонстранти. Кордон полицајци е поставен околу споменикот на Прометеј, а пред нив, на булеварот и зад нив во паркот има демонстранти, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

„Кого браните за 15-20.000 денари плата?! Тргнете се “, им довикуваат демонстрантите на полицајците кои го обезбедуваат споменикот.

Бројот на демонстранти пред Собранието почна да се намалува, а се повлекоа и водените топови. Застанаа на улицата Даме Груев.

Полицијата го спречи обидот на демонстрантите да го урнат споменикот на Прометеј и остана да го обезбедува.