ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ОД 27-МИ АПРИЛ: ЗАМЕНИК НАЧАЛНИКОТ ВО ДБК КОЈ СЕГА Е ВО БЕГСТВО ВО ГРЦИЈА БИЛ ГЛАВНА ЅВЕЗДА, КРШЕЛ СО ЧУК ХАРД ДИСКОВИ ОД СОБРАНИЕ И ГИ ФРЛАЛ ВО ВАРДАР

0
1795

Во тајна просторија на Петтата управа околу полноќ на 27 април лани, по организираниот напад на Собранието, обвинетиот Александар Василевски-Нинџа присуствувал на уништување на украдените хард дискови од Собрание.

„Беа црни. Ги стави Никола Бошкоски на преса. Ги здроби. Парчињата потоа ги истури во Вардар“, сведочеше Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

„Ми кажа дека обвинетиот Сашо Марковски од УБК ги украл сите снимки. Дека сите снимки се избришани и оти нема никого да го има на снимка дека бил во Собрание. Така работи Петтата управа“, кажа Нинџа.

Тој се обрати пред судот дека бил во бегство зашто имал притисоци од ексначалникот на Петтата управа Горан Грујевски да не се предава. Дека тој бил, како што кажа, „мостот“, но на крајот одлучил сам да се предаде.

Горан Грујевски и Никола Бошкоски се избегани во Грција, а тамошниот Врховен суд донесе одлука тие да не бидат екстрадирани во Македонија.

„Во 14.30 часот на 27 април ми се јави брат ми Благоја Василевски од Виена. Ми се јави да праша за мајка ми, болна е од рак. Тој беше обезбедување на поранешниот премиер Груевски. Беше на работен состанок со него во Виена. Претходно за да се чујам, му пишав неколку пораки: ’Можеш ли да збориш?‘“, кажа Нинџа за повикот од брат му.

Според обвинителниот акт, Благоја, кој на 27 април со Груевски бил во Виена, во 14.30 часот му се јавил на Нинџа, по што почнала акцијата за напад на Собранието.

Сведочењето на Нинџа, последно од обвинетите, е во тек.

ИЗВОР: СДК.МК