Граѓаните и граѓанките на Велес седумнаесетти ден протестираат во боите на Шарената Револуција.
Протестот започна од пред кружниот тек кај Авона.
Демонстрантите се движеа по улицата Благој Ѓорев, покрај кафе баровите во Велес. Демонстрантите извикуваа Апаши, Вратете ги парите, Чади баба оставка, Бардовци за Илија, Поддршка за СЈО, Револуција, Затвор за фашистите, Мафија на робија. Протестот заврши на плоштадот С’рмаале со говори на Дејан Ристов, Дејан Арсовски и Дамјан Манчевски.