ФАМИЛИЈАТА ЗАЕВИ ЗАЕДНО СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДЕНЕС ЕВИДЕНТИРАНА ВО ПОПИСОТ 2021 ГОДИНА

0
1174
Остануваат уште 4 дена до крајот на најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите, којашто ја спроведува Државниот завод за статистика.

Заедно со семејството во нашиот дом во Струмица, ја исполнивме граѓанската должност и законска обврска и ја спроведовме постапката за попишување.
По 20 години, конечно Северна Македонија ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните.

Уште еднаш апелирам да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес, а со тоа да имаме успешен #Попис2021 како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас.

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.