Учениците од „Арсени Јовков“ затруени со спреј од две непознати лица

0
1109

arseni.jpg-500

Тринаесет ученици и еден професор од средното училиште „Арсениј Јовков“ вчера се затруле со спреј, шри што веднаш биле пренесени на Токсикологија во градската болница „8 септември“. Тие се жалеле на кашлање, задушување, печење на очите, печење на грлото и иритирачка кашлица при што констатирани се телесни повреди од вдишување на непозната материја.

Според првичните информации од МВР, се работи за вдишување на спреј кој бил употребен од две непознати лица.

Училиштето денеска најверојатно ќе остане затворено. Од СВР Скопје информираа дека попладнево група ученици излегле надвор од објектот и се пожалиле на печење во очите и грлото. Обезбедувањето веднаш повикало полиција, а децата со брза помош биле пренесени на клиниката за токсикологија.