Уставните судии на Aлбанија збунети оти ги сместиле под палуба на Вардар

0
1061

Претседателот на Уставниот суд на Албанија со уште неколку уставни судии и секретарот на судот, кои пред десетина дена биле во посета на Уставниот суд на Република Македонија биле збунети кога ги сместиле во кабините под палубата на галијата во Вардар, пренесува порталот Сакамдакажам повикувајќи се на извори во Уставниот суд на Македонија.

Гостите спиеле во макета на брод за да се промовира проектот “Скопје 2014“. Нивната домаќинка, претседателката на Уставниот суд Елена Гошева и уште неколкумина судии кои го сочинуваат мнозинството во овој суд одлучиле наместо во хотел, како што било пракса во минатото, овој пат гостите да ги сместат во галијата за да го заживеат владиниот проект и оваа приватна инвестиција.
Гостите биле изненадени, но официјално не се пожалиле на третманот од домаѓините.
На палубата на галијата бил и свечениот коктел. За време на коктелот наоколу се врткале работници и ги привршувале градежните работи.
Оваа посета на делегација од Уставниот суд на Албанија најверојатно била официјална, но за неа ништо не беше објавено. Таа активност ја нема ни на веб страната на Уставниот суд, ниту во графата “Новости“, ниту кај “Меѓународна активност“. За посетата, иако била од високопрофилен карактер не е напишан ниту збор. Немаше ни соопштение за јавноста.
„Дека уставни судии од Албанија дошле во посета на нашиот Уставен суд дознавме од чистачките. Овде е информативен мрак, а забрането е и прашување. За работите што се случуваат во Судот знаат само неколкумина – претседателката Гошева, најблиската нејзина соработничка и судиите што го сочинуваат унифицираното мнозинство гласови. На останатите судии, стручните соработници и техничкиот персонал, забрането им е да бидат информирани“, раскажуваат изворите на САКАМДАКАЖАМ.МК кои се анонимни, затоа што не се овластени да даваат изјави во јавноста.
Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ