Туго, мори – кружен тек, ебате!!!

0
1245

Како се прави кружен тек?

Земате дрвено колче. Го забивате во центарот на местото каде сте предвиделе сообраќајот да се одвива кружно. За колчето врзувате јаже, долго колку што сте планирале да биде голем кружниот тек. Пешки, вртите полн круг околу колчето со оптегнатата ортома. На теренот исцртувате кружница. Потоа ставате два-три камиони земја во кружницата и правите мало возвишување, кон центарот на кругот. Садите шарено цвеќе во свежата земјена подлога. Околу жардињерата ставата асфалт, за по него сообраќајот да се одвива кружно. Асфалтираната кружница ја поврзувате со околните улични приклучувања. Градите тротоарчиња наоколу и со бела боја ги означувате пешачките премини и другата „хоризонтална сигнализација“ (стрелки, линии, џиги-миги и сл.), за некој генијалец да не влезе во спротивна насока во кружниот тек. Пред да си отидете дома, ги навадувате насадените цвеќенца и со цревото го измивате употрбениот алат. Да, и ашовите.

Така се прави кружен тек. Во нормални држави, работата почнува во сабота попладне, а кружниот тек е подготвен за сообраќај во понеделник наутро, кога луѓето треба да се возат на работа. Тоа утро, некој возач ќе забележи дека треба да го врти воланот лево-десно и, среде разговор на мобилен, ќе рече: „Еј, види, ноќеска овде направиле кружен тек!“ – и со тоа целата работа завршува во безначајните анали на едноставните сообраќајни урбани решенија.

Само во земјата Македонија, во која еден помал дел од граѓаните и сите функционери на власт се удрени по глава со мокра чорапа, се закажува свечено пуштање во употреба на кружен тек, со повеќечасовно блокирање на сообраќајот, со сечење црвени ленти, пригодни говори (ќе има и три нови вработувања, за овие што ќе ги вадат цвеќенцата!) и послужување-освежување, во присуство на куртонски медиуми и неколку коце-моце градоначалници, бројни високи, средни и мали државни функционери, каде најважниот гостин е Не-не-не-нема-да-има-нов-претседател-на-ВМРО-ДПМНЕ кој прилично дрифта (се занесува – м.з.) кога ја фаќа кривината на кружниот тек. Тоа пропагандистите го претставаат како уште еден голем успех на македонската економија, политика, индустрија, технологија, наука и увоз-извоз, доказ за грандиозноста на визијата на Големиот Водач во бела кошула.

Насловот на колумната е редакциски коментар на „Мактел“, оригиналниот наслов е „Од левиот, во десниот џеб“ и истата во целост може да ја прочитате ОВДЕ(Слободен печат)