(ВИДЕО) ШЕФОТ ЗА МИГРАЦИИ НА ЕУ ПРЕД НОВИНАРИТЕ ВО БРИСЕЛ ЈА ПОГРЕБА ВМРОВСКАТА ЦРНА ПРОПАГАНДА ПЕТ МЕТРА ПОД ЗЕМЈА : ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ИМА БЕГАЛСКИ КАМПОВИ!!!

0
1854

“Овој Договор е израз на нашата заедничка посветеност за дефинирање на одржливи, трајни решенија во справување илегалната миграција и прекуграничниот криминал. Нашата досегашна соработка во справувањето со илегалната миграција покажа дека кога работиме заедно можеме успешно заеднички да ги решиме предизвиците. Во тој контекст, овој Договор ја отвара вратата за поинтензивна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување“.

Ова, меѓу другото го истакна денес во Брисел, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски а по повод потпишувањето на Договорот за статус меѓу Европската Унија и Република Македонија за акции спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија, што го потпишаа министерот Спасовски и Европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и граѓанство, Димитрис Аврамопулос .

Со овој Договор, како што потенцираше министерот Спасовски, Република Македонија го зајакнува својот партнерски однос со Европската Унија, обезбедувајќи Агенцијата и Република Македонија како рамноправни партнери да превземаат заеднички акции насочени кон спречување на илегалната миграција и прекуграничниот криминал.

“Претходните години, Република Македонија освен со внатрешната криза предизвикана од непочитување на правото и девалвација на иснституциите на системот, се соочи и со големи предизвици предизвикани од мигрантската криза во светот. Ова ја стави Република Македонија пред тежок испит, да го покаже пред светот својот   капацитет да се справи како со внатрешните така и со надворешните предизвици. Денес, мојата земја чекори на патот на евроатланските интегративни процеси помогната од своите соседи, во кој гледа пријатели.   Фактот што Европската унија, ја препозна Република Македонија како посветен и стабилен партнер, со кој ќе склучи договор за да обезбеди уште посигурни граници и поголема безбедност на граѓаните и на Република Македонија и на Европската Унија, е уште една потврда   дека мојата земја чекори по патот на напредокот“, потенцираше Спасовски.

Заблагодарувајќи се на континуиранта поддршка и помош на ЕУ во зајакнувањето на техничките, оперативните и кадровски капацитетите на македонските гранични полициски сили, министерот Спасовски напомна дека  позитивното искуство, помошта што ја имаше Република Македонија од присуството на повеќе од 3000 странски полициски службеници за изминатиоте три години , охрабрува дека со овој договор сме на вистинскиот пат, но овој пат трасирајќи подолгорочна и подлабока соработка со земјите членки на Европската Унија во името на што побезбедни европски граници.

Еврокомесарот Аврамопулос, пак, од своја страна честитајќи и на нашата земја за овој важен исчекор во поконкретната оперативна соработка меѓу ЕУ и Македонија, потенцираше дека денешниот договор ќе овозможи целосно искористување на сите потенцијали на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, а во насока на брзо реагирање при евентуалните миграциски предизвици и заштита на нашите заеднички граници.

Притоа комесарот за миграции пред новинарите нагласи дека нема да има бегалски кампови во Македонија: