ВО МВР ВЛАДЕЕ ТОТАЛЕН КОЛАПС : КОМАНДИРОТ НА ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ПРЕКУ ФЕЈСБУК ГИ ИСКАРА КОЛЕГИТЕ ЗОШТО НЕ ПРОТЕСТИРАЛЕ ПРОТИВ ЗАЕВ

0
4226

Командирот на ПС ОН Велес, Димитар Ѓуров, преку својот Фејсбук профил им се обрати на своите подредени колеги полицајци и ги искара зошто не излегувале на протестите против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за наводна одбрана на Македонија. Еве што напиша тој:

5 дена мирен марш за поддршка на Македонија по улиците на Велес. 5 дена, со чест на исклучоци, не видов колеги да најдат макар ваков начин за да ѝ се заблагодарат на земјава.
Запрашајте се колку задници бакнувавте 10 години на министри, пратеници, советници, директори, државни секретари и бизнисмени за да станете началничиња, шефчиња, советничиња, командирчиња, раководителчиња, инспекторчиња за сега ако не сте службено ангажирани да не ни знаете дека “некои” таму секојдневно ги вознемируваат оние што сакаат да ја снема Македонија од лицето на Светот.
Веројатно имате резервна држава штом за оваа не се замарате. Престанете да прашувате што направила татковината за вас, запрашајте се што сте направиле вие за нејзе. Или сепак задржувањето на позицијата е побитно?
ПОГОРЕ НАПИШАНОВО НЕ ВАЖИ ЗА ТИЕ ШТО ГИ ГЛЕДАВ НА МАРШОТ, А НЕ БЕА ТАМУ СЛУЖБЕНО
ПС: Мразам што овде (facebook) ви се обраќам ама немам можност на друго место да ви го кажам сето ова на сите заедно!