Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски бил уапсен во скопската населба Шутка, дознава 24 Инфо.
Панчевски неколку дена бее во бегство откако по судска наредба од Основен суд Велес за негово приведување, полицајци од ПС Центар три пати не го нашле Панчевски на домашната адреса.
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вчера на прес конференција изјави дека по Панчевски е распишана е потерница и оти се вршат оперативни проверки дали ја напуштил земјава.
Судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.