СМРДИ НА ИВО КОТЕВСКИ И ЦЕНТАРОТ ЗА ЛОБОТОМИЈА НА МОЗОЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ – ЕЛЕМ: СДСМ манипулира со податоците за производството и увозот на електрична енергија

0
1039

СДСМ се обидува да ја манипулира јавноста со тези и податоци за производството на електрична енергија, конзумот и увозот кои немаат врска со реалноста, заради ситни дневнополитички поени и ги извртуваат информациите искажани на денешната прес-конференција на АД ЕЛЕМ за електро-енергетските состојби во Македонија, стои во реакцијата на ЕЛЕМ на соопштението на СДСМ.

Според компанијата, неосновани се обвинувањата од СДСМ дека АД ЕЛЕМ кажал оти цената на набавената електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи изнесува 40 евра за мегават час.

– Напротив, на денешната прес конференција, АД ЕЛЕМ детално информираше по која цена е набавената електрична енергија, периодот за кој е набавена, како и за постапката која е спроведена согласно сите востановени пазарни правила, утврдени од Регулаторната комисија за енергетика. Впрочем, цените, количините и периодот за набавка уште во текот на вчерашниот ден транспарентно се објавени на веб страната на АД ЕЛЕМ.

Од компанијата потсетуваат дека со одлука на менаџментот на АД ЕЛЕМ во ноември и декември минатата година, не само што немало увоз, туку била реализирана продажба на вишоци на електрична енергија по повисоки цени, а со додадената вредност што била остварена се набавува електрична енергија во период со екстремни временски услови кога и побарувачката и потрошувачката на електрична енергија во Европа е на највисоко ниво.

– Повторуваме дека станува збор за набавка на електрична енергија по поволна цена, со оглед на фактот што поради екстремните временски услови и проблемите со производните капацитети со кои се соочуваат многу земји од Југоисточна Европа, други енергетски системи во регионот набавуваат електрична енергија и по цени од 100 евра за мегават час, се наведува во соопштението.

Воедно, се нагласува дека не станува збор за интервентен увоз, туку за набавка спроведена согласно сите правила и процедури донесени од Регулаторната комисија за енергетика.