СЕКОЈ ДЕН ПО ЕДЕН СКАНДАЛ НА ТЕХНИЧКИТЕ МИНИСТРИ: МИЗРАХИ ИМ ЗАБРАНИ НА НОВИНАРИТЕ ДА ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА!

0
1245

На почеток, техничката министерка за труд и социјална политика им кажа на новинарите дека имаат право да побараат се, да влезат во министерството и да побараат се што сакаат.

„Вие имате право да знаете која е темата. Уствари имате право на се. Кога ги прочитав законите вие имате право да влезете тука и да барате се“. вели Рашела Мизрахи, Министерка за труд и социјална политика.

Но, со тоа  не се согласува ПР-от на министерството.

„Не смеат да влезат без наша дозвола. Може да седат надвор пред министерството“, вели ПР-от.

„ПР-от е строг, не сум јас. Гледајте таму“, додаде Мизрахи.

Кога заврши со прес конференцијата, не дозволи новинарите да и поставуваат прашања.

„Денеска решивме да не примаме прашања“, посочи министерката.

Но, одговори само на прашањето во врска со етничката припадност и потеклото.

„Антисемитизам во оваа држава не постоел, ниту ќе постои. Во текот на втората светска војна од моето семјество, од Македонија се однесени 83 членови. Додека сите вие имате широки семејства, јас тоа го немам. Сите се убиени во Треблинка. Го носам името на една од моите тетки. Срамно е во политичка битка да се користат вакви алатки“, истакна Мизрахи.

Техничката министерката Мизрахи денеска информираше дека според податоците што ги добила од центрите за социјални работи во моментов има поднесени и нерешени 11.514 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Тоа, според неа, говори дека досега Владата и Министерството ги ставале под тепих проблемите на граѓаните. За ова реагираше дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ. Таа рече дека оваа Влада изгради децентрализирани Комисии за помош и нега од друго лице за разлика од едната централизирана Комисија којашто беше воспоставена во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и им наплаќаше 2.000 денари за поднесено барање. Во интерес на граѓаните сега поднесувањето на барања за помош и нега од трето лице е бесплатно, а со тоа што сега функционираат 15 комисии во повеќе градови низ државата услугата е доближена до граѓаните.