СДСМ ќе поднесе кривични пријави против Груевски и Мијалков

0
1117

Зоран Заев на прес конфереција обелодени дека располага со матерјали за прислушување на преку 20.000 граѓани.

zaev-press
Следен сум и прислушуван во континуитет. 300 мои разговри со сопартикјци, новинари и членови на моето семејство поднесов во прилог на кривичната пријава против Груевски и Мијалкови други лица кои учествувале во ова незаконска операција, изјави Зоран Заев.

Тој исто така побара амнестија за сите лица коибиле вклучени во прилсушувањето а кои ги доставиле матерјалите за да се разоткрие оваа незаконска операција.

Заев изјави дека сите матарјали од прислушувањето му биле доставувани на Груевски.

Во прилог на ова во моменот новинарите на прес конферецијата слушаат прислушувани разговри на Заев со новинари и членови на неговото семејство.

НОВА ја следи прес конферецијата и ќе известува во континуитет за сите детали.

„Почитувани граѓани од денеска СДСМ и опозицијата го започнува проектот Вистината за Македонија.

Оваа папка ќе стане симбол на процесот што денеска го почнуваме за враќање на демократијата. Он што во интерес на државата сум должен да го споделам е најнепријатното нешто.

Жалам што во Македонија само во период од неколку години се прислушувани над 20 илјади граѓани. Зад оваа операција стојат Никола Груевски и неколку луѓе околу него., Материјалите што ги поседуваме говорат дека станува збор за луѓе кои снимале незаконски под директна наредба на Сашо Мијалков, Горан Груевски .

Кривична пријава за преслушување кое траело најмалку 4 години во континуитет, посебни истражни мерки може да се користат најмногу 14 месеци и тоа со дозвола на јавен обвинител или судија.

Давани како информативен материјал на Груевски и луѓе околу него. За време на изборите ги злоупотребувале државните служби за да имаат 24 часа извештаи, секој ден добивале резимеа за својот политички противник, секој разговор, сета комуникација, со државни пари и со целосно кршење на Уставот. Вакво масовно прислушкување може да спроведат само домашни државни служби. Никој во Македонија не е изненаден дека во Македонија постојано се прислушува, особено дека се прислушува опозицијата.

Македонија е поделена во два света – во едниот е Груевски и Мијалков а другиот сме ние чие право и уставни права се тотално.

Прислушуваат ког азборуваме со нашите деца, кога зборуваме кога работиме. Апелираме до медиумите трпеливо да ги следат сите детали од процесот. Целта е вистината да допре до целата македонска јавност.

Ја повикуваме и меѓународната заедница внимателно да следи се што објавуваме и активно да се случи во овој процес. Одиме чекор по чекор поради сензитивноста на материјалот., изјави Заев.

Прв доказ во аудио материјал кој Заев го презентираше е телефонски разговори во кои дава изјави за потребите на Радио Слободна Европа, а во втората снимка се слуша разговор.