ВЕНКО ФИЛИПЧЕ : ПРИСТИГНАА 11.700 НОВИ ДОЗИ НА ,,ФАЈЗЕР “

0
810

Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер” од кои 7020 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.