СДСМ: Тодоров зад себе остави руинирано здравство и не смее ништо повеќе да ветува

0
1035

Никола Тодоров заедно со Никола Груевски во 10-годишното владење го уништи здравството. Важни им беа само тендерите што не донесоа ништо добро за граѓаните освен пари во џебовите на криминалната власт, рфеагира СДСМ на најавата на министеротзаздравство  Тодоров дека градската болница „Свети Наум Охридски“ ќе се реновира.

„Болниците се се уште без основните услови за работа и без потребните медицински материјали и лекови за пациентите, клиниките не се реконструирани како што беше ветено, лекарите и медицинските работници заминуваат од државава.Никола Тодоров, кој е дел од штетната Влада за граѓаните, нема никакво право ниту да зборува, ниту да ветува што било во здравството.Граѓаните имаат потреба од нова одговорна влада којашто ќе се грижи за нивното здравје и за нивните реални потреби“, стои во реакцијата.