СДСМ: Не е точно дека има договор јавен обвинител да се избере од редот на сегашните

0
1217

„Не е точна информацијата објавена во некои медиуми дека има договор меѓу власта и опозицијата новиот јавен обвинител да се избере од редот на сегашните јавни обвинители“, реагираат социјалдемократите.

„Ставот на СДСМ е јасен и познат на јавноста, а тоа е нов специјален јавен обвинител со целосна автономија, кој ќе го испита нелегалното прислушување и сите дела што произлегуваат од материјалите.

Разговорите за специјалниот јавен обвинител продолжуваат во сабота“, се вели во соопштението на СДСМ.