Скандал: Власта упадна во автономијата на Специјалното обвинителство

0
791

Со новите предлози на Владата кои се однесуваат на Законот за плати на јавни обвинители власта се нарушува автономијата на Специјалното јавно обвинителство, објавува Фокус. Имено, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за плати на јавни обвинители, во членот 6-б, кој ги регулира додатоците на јавните обвинители, во став 4 е предвидено:

„ (4) Додатоците од ставот (1) на овој член, нивната висина и начинот на утврдување за Јавното обвинителство на Република Македонија, вишите јавни обвинителства, основните јавни обвинителства, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, се уредуваат со акт на Јавниот обвинител на Република Македонија, по претходна согласност од министерот за финансии.“

Ова значи, пишува Фокус, дека државниот обвинител Марко Зврлевски, во координација со Зоран Ставревски, ќе биде надлежен за додатоците на специјалните обвинители, што директно се судира со Законот за специјалното обвинителство.