СДСМ најостро го осудува инцидентот во Битола, сценаријата на Груевски нема да успеат!

0
1548

Соопштение за јавност

СДСМ најостро го осудува инцидентот во Битола, во којшто се фрлени молотови коктели кон Музејот на Албанската азбука.

Очекуваме надлежните органи во најбрзо време да го расветлат случајот.

Предупредивме дека насилството и омразата поттикнати лично Никола Груевски и поддржани од Ѓорге Иванов водат кон штетни и опасни последици по граѓаните и по Република Македонија.

Мнозинството граѓани на изборите на 11 декември се изјаснија против политиките на поделби, изолација, омраза и нетрпеливост на досегашната власт и избраа заеднички живот во едно општество за сите.

Оттаму, сценаријата што имаат да предизвикаат конфликт и судир помеѓу граѓаните и да ја продлабочат политичката криза во Македонија со цел да се спасува Никола Груевски со соработниците од одговорност за криминалите – нема да успеат!

Во Македонија ќе има мирен трансфер на власта и нова, совесна, реформска Влада којашто ќе обезбеди стабилност и напредок на државата и на граѓаните.

Потпалувачите на конфликтите и нарачателите и извршителите на овие противуставни и противзаконски дела ќе одговараат!

Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокациите на исплашената власт во заминување.