(ФОТО) Убиецот на Мартин Нешковски, поранешниот полицаец Игор Спасов донесен на распит кај Катица Јанева

0
1093

Поранешниот полицаец Игор Спасов, кој до смрт го претепа Мартин Нешковски доцна попладнево беше изнесен од зградата на Специјалното јавно обвинителство, објави Алсат-М.

Репортерите на телевизијата на терен забележаа и бројни полициски сили и возила кои барем еден час беа паркирани пред влезот во зградата каде работи Катица Јанева.

Од специјалното обвинителство немаат никаков коментар повикувајќи се на тајноста на предистражната постапка. За присуството на полициските сили, само кусо кажаа дека на распит е лице кое е на казна одлежување затвор.

Мартин Нешковски беше убиен во 2011-тата година на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. За делото подоцна беше осуден Игор Спасов како единствен извршител. Но минатата година, во т.н. „бомби“, СДСМ обвини дека редица функционери на чело со Премиерот Груевски се обиделе да го прикријат случајот.
Според опозицијата, Спасов службено требал да биде на друго место, но надвор од сите процедури бил повикан да обезбедува во Скопје. Објавувањето на оваа бомба предизвика и големи протести, кои полицијата ги прекина насилно.

Во продолжение ве потсетуваме на 29-та „бомба“ посветена токму на овој случај.