СДСМ: Наместо по бродови, студентите ќе работат дома, во Македонија

0
813

После 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од јасно е на какво мизерно ниво е студентскиот стандард, велат од СДСМ.

„Наместо половични решенија СДСМ нуди план за конкретно подобрување на животниот стандард на студентите. Наместо да работат по бродови, каде што ги избрка режимот на Груевски, студентите ќе работат дома, во Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.