СДСМ Кр.Паланка повикува: Пријавете криминал, злоупотреби и уцени

0
1047

11204914_742171272577314_4341276067057504415_n

Почитувани,

ОО СДСМ Крива Паланка започнува со оперативна активност  насловена како „Сите злодела и неправди на ВМРО ДПМНЕ врз сопствениот народ“.

Цел

Прибирање на информаци, податоци, лични примери и настани кои сте ги доживеале или реално ви се случиле во изминатите 9 години, а до сега не сте имале можност или храброст да ги споделите со никого. Овие настани и информации можат да бидат од професионален или личен  аспект по однос на злоупотреба на личната или службена позиција на некои кои се обиделе незаконски да ве уценат, злоупотребат или присилат да размислувате спротивно од вашето убедување или уставно право на слободен избор.

Општествен контекс

Со назначувањето на Специјалниот јавен обвинител, но и со најавата за промена на некои министерски позиции во текот на следниот месец, се поголем број на граѓани ни се јавуваат и информираат или се спремни со нас да споделат информации за злоупотреба на службената функција, должност или позиција на поединци или институции во различни свери како што се: труд и социјала, безбедност, судство, образование, здравство, администрација, финансии, економија, инспекциски надзор, урбанизам, јавен ред и мир,  човекови права и слободи.

Ова за ОО СДСМ Крива Паланка е доволен повод да започне сеопфатна активност за прибирање на релевантни податоци и информации, да изврши нивна систематизација  и за истите по воспоставувањето на правниот поредок и држава, да поведе правна процедура од името на сите граѓани кои претрпеле некаков вид на штета, платиле мито, не добиле услуга која им ја гарантира законот или пак биле лично злоупотребени за туѓи или партиски цели и интереси.

Кој ќе го работи ова

Тим од стручни лица на правници и експерти во соодветната област, како кадар на СДСМ.

Оправданост

Крајно време е слободно да проговориме за целокупната тортура и неправда која ја трпевме во изминатиот период.

Крајно време е да проговориме за она што подолго време ни тежеше и не измачуваше.

Крајно време е да се одважиме и спротивставиме на сите неправди и злоупотреби кои ги правеа поединци за своја или корист на владеачката политичка гарнитура.

Крајно време е да влееме верба и надеж дека сите работи во државата треба да бидат поставени на законска основа.

 Како да ни пристапите

  1. Со доставување на писмен допис (кој може да биде и анонимен) поткрепен со факти и аргменти до:

ОО СДСМ Крива Паланка
ул. Св.Јоаким Осоговски бр.159
Крива Паланка

  1. Со лична достава на горенаведената адреса
  2. По електронски пат на следнава маил адреса [email protected]

СДСМ секогаш бил и ќе биде на страната на граѓаните.

СДСМ секогаш бил и ќе биде за правен поредок и владеење на Уставот и законите.

СДСМ секогаш ќе биде воден од општо прифатените и интереси на праведност, принципиелност, морална и етичка поставеност на работите во општеството.

Повелете,
Ние сме тука за Вас и вашите лични проблеми. Заедно секогаш можеме полесно да успееме во

надминување на постоечките бариери, да ја победиме неправдата, да си ја вратиме слободата, да го победиме злото.

 

ОО СДСМ Крива Паланка