Роберт Телекабел: Ќе гласам за живот, ќе гласам за број 4 за СДСМ

0
2001

#ЌеГЛАСАМ

18 години не гласав. Но, на 11 Декември ќе бидам во Македонија и ќе гласам!

20 години работам приватен бизнис. Со парите од граѓаните кои плаќаат за дадената услуга плаќаме даноци за да сите имаме бенифит од државата. Што добиваме ние од нашите пари?

Најлошо #здравство во регионот. #Болници од кои те лазат морници. Писма за #донации кои стигнуваат секојдневно за лекување на граѓани за кои нема пари во Буџетот?!

Социјални случаи кои живеат со социјална помош од 2400 денари!

#Земјоделци кои живеат во мизерија затоа што други им ги земаат субвенциите!

#Институции во кои се сместија партиски наместо квалитетни кадри. Оф-шор компании кои се најголеми инвеститори, а немаат вработени.

Ноќен живот кој се сведе на турбо фолк манифестации бидејќи се што беше културно се потрудија да уништат.

Добивме #правда која во #судовите се диктира по нарачка, инспекции кои се прават за притисок, а не за контрола на работењето, глоби кои се изразени во илјадници евра во држава каде најниската плата е 200 евра!

Ќе гласам затоа што колегата мој (монтер) за неисправна сијаличка на службено возило го казнија 100 еур, фирмата 1300 еур, а директорот 300 еур. Во исто време дел од возилата на МВР и УЈП не се ни регистрирани!

Добивме #патишта кои се реновираат со години и на кои секојдневно гинат луѓе, ама затоа пак на 20 километри те чекаат сообраќајци кои мораат да го одработат денот за да го наполнат #Буџетот.

Добивме полни затвори со #невини луѓе, тажни приказни кои уништија цели семејства.

Овие 10 години и мене двапати ме затвараа, најверојатно за да ме притиснат бидејќи сум многу независен-како што велат во #бомбите за мене!

ЌЕ ГЛАСАМ затоа што ова не е Македонија во која може среќно да се живее. Затоа што #демократија не постои, затоа што луѓето се поделија, затоа што #младите си отидоа, затоа што нема радост и надеж во очите на граѓаните!

ЌЕ ГЛАСАМ затоа што сакам мојата #Македонија да биде правна држава каде законите ќе бидат исти за сите, каде правилата ќе важат за сите, каде #функционерите ќе имаат морални вредности и ќе превземаат#одговорност, каде младите ќе бидат среќни овде во својата држава!

ЌЕ ГЛАСАМ затоа што ни се потребни #промени !

#Животот е краток за да го посветиме на партија, на идеали или на ситни лични интереси!

Да се #избориме за подобро утро за #сите нас!