РАЗОРНА БОМБА НА МИЛЕНКО: Во моментов во Македонија постои општа тепачка за тоа кој ќе ги добие руските пари за одработување на задачи од Москва!

0
2434

Миленко открива интересни детали на својот портал Дудинка за односите Македонија – Русија, особено подземните операции со кои Москва се обидува да го засили своето влијание во земјава:

Секое доаѓање на овие двајца во Скопје е празник за секој слободномислечки Македонец. Така беше и сега, така беше и при првото гостување на Леонид Савин во Македонија како гост во мојата емисија во 2015-тата година.

Во последните 4-5 години имав голем број средби со нив двајца. Снимив интервју со Дугин во Москва, бев поканет и присаствував на три конефернции во Русија каде имав свои излагања. Нај голем впечаток ми остави онаа во Цар Град пред 2 години. Секако и минатата година учеството во парадата на Вечниот полк.

Сите овие години се обидував да го донесам Дугин во Скопје, ама неуспешно. Моите обиди, како и барањето издавачка куќа која ќе ги преведе и одштампа неговите книги, не ми вродија со плод. Па така, добро е и е за честитање што успеа Јанко Бачев со своите белградски контакти да ги донесе долу Дугин и Савин, кога веќе беа во Белград и Нови Сад на покана на белградскиот универзитет а со посредство на амбасадата на Русија во Србија.

И покрај тоа што Леонид во повеќе наврати ме информираше за неговото доаѓање и ме покани да присуствувам на настанот, јас не можев да бидам таму оти датумот се поклопуваше со поканата на основачкиот конгрес на новата партија во Црна Гора, каде бев говорник.

Во секој случај, камо среќа да има повеќе можности Савин и Дугин да доаѓаат кај нас во Македонија.

Салата каде што се обратиле Дугин и Савин била преполна. И тоа е за поздрав и честитање. Но, лошо е кога малограѓанштината ќе излезе на површина. Па така, “те седнав во прв ред а ти не викаш фала“ аргументите во истата ФБ дебата, покажуваат дека и покрај ваквите големи гости, партијата која ги викнала да дојдат од Белград во Скопје сеуште е малечка.

Борбата за руските пари што ќе се слееле во Македонија, сега се интензивира. Прво што имам чуено и научено од Дугин е “У руса нема пара“. Сепак, пробаа до тие пари да дојдат Стоиљковиќ сам, па Стоиљковиќ заедно со Дамовски и Стевчо Јакимовски, па Дамовски сам, па Палчо со свои проекти, и еве сега на крај партијата НДМ преку преименување и ребрендирање.

Таму каде што чукаат, нема каса. Можеби ако имаат контакт со Дерпаска или Спер банк, може и можат на нешто да се надеваат. Вака како што пошле – не.

За крај, бидејки знам дека сите читаат овдека, а и дека оние што не читаат добиваат прераскажани информации, еве ви две работи:

  1. Сеуште важи понудата за кладба од мене до двајца високи (највисоки) функционери од ВМРО ДПМНЕ кои тврдеа дека имале снимки како руси ме шетаат со мерцедеси низ Скопје и ми даваат пари. Тогаш, а еве и сега, им нудам 10.000 евра за секоја таква фотографија што ќе ми биде презентирана.
  2. Го поставувам и прашањето дал некој од овие горе наведени ликови од Македонија  се викнати на прославите за победата на Путин што ќе бидат организирани во следните денови? Кој ли е тој еден, единствен, што е викнат од Македонија?