СОПСТВЕНИКОТ НА ПСЖ НАСЕР АЛ КЕЛАФИ ГИ ШАМАРАЛ И СУДИИТЕ ПО ПОРАЗОТ НА ПСЖ ОД РЕАЛ МАДРИД СО 3-1, УПАДНАЛ ГНЕВЕН ВО СОБАТА НА СУДИИТЕ ОСВЕН ШТО ИМ СЕ ДЕРЕЛ И ГИ УДИРАЛ ДОДЕКА НА СНИМАТЕЛ ОД КЛУБОТ СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ ДОКОЛКУ НЕ ПРЕСТАНЕ ДА СНИМА, СНИМКИ И ФОТОГРАФИИ СЕ ИСПРАТЕНИ ДО УЕФА

0
908

Насер Ал-Келафи, сопственикот на ПСЖ ноќва збесна по поразот над неговиот клуб во Мадрид на Сантијаго Бернабеу откако Реал Мадрид со хет трик на Бензема ги порази французите со вкупен резултат од 3-2.

Келафи за време на првото полувреме бил видно релаксиран по голот на Мбапе со кој ПСЖ речиси го обезбеди пласманот во четврт финалето на Лигата на Шампионите против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу.

Според угледната шпанска телевизиска звезда Моника Мерчанте, Ал-Келафи по поразот над ПСЖ вечерва по последниот свиреж на судијата кој означи крај на мечот се симнал со неверојатна брзина барајќи ја соблекувалната на официјалните судии на мечот со цел да реагира на првиот примен гол по грешката на Донарума.

Порталот ,,Марка” објави дека Ал-Келафи заминал од соблекувалната на судиите целиот црвен во лицето откако завршила вербалната војна со еден од делегатите на Реал Мадрид, Мејла Давилја при што морало да интервенира и полицијата.
Ал-Келафи од судиите побарал да се поништи првиот гол на Бензема по грешката на Донарума тврдејќи дека тоа било фаул врз голманот.

Според шпанскит реномирани медиуми се дознава дека фотографии и видео материјали од инцидентот каде учествува претседателот на ПСЖ, Ал-Келафи се испратени до УЕФА при што се очекуваат санкции против францускиот клуб.