ПЦЕР: Ѓорге Иванов веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев

0
1440

Соопштение на ПЦЕР:

Партијата за целосна еманципација на Ромите – ПЦЕР реагира и бара веднаш да се даде мандатот на втората партија по број на пратеници, на СДСМ и лидерот Зоран Заев. Поради тоа што државата е во хаос, ништо не функционира, се задолжува, администрацијата не знае кој е кај, не оди на работа, вработените во институциите по цел ден коментираат за политичката состојба во државата. Секој еден стана политичар, оваа агонија мора да престане.

Ѓорге Иванов треба веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев, за да може да се направи влада за подобар живот, за спас на Македонија од криминалот и корупцијата, да почне да функционира СЈО во вистинска смисла и да се продолжи мандатот на СЈО, што сметаме како партија дека е единствена инстутиција која функционира, се друго е метастазирано од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно сакаме да ја поздравиме одлуката на партијата ДУИ, која трезвено и во интерес на барање на албанскиот електорат не донесе одлука за коалција со ВМРО-ДПМНЕ.